Реакција на ВМРО ДПМНЕ за трибината на СДСМ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

“Никој не им се плаши на Вашите закани и не верува во тикварници и лицемерни бакнежи. Господине Зоран Заев имаш уште 16 работни дена, Наташа Петровска и ти во овој рок можеш да размислиш да им ја направиш единствената услуга на битолчани. Одете си и без илузии дека нема да платите за сите злодела!” стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ за денешната трибина на СДСМ во Битола.

„Без око да им трепне ништо не зборуваат за тоа што Битола ја направија мала неразвиена касаба, без инвестиции и вработувања за младите, а се вработуваат само нивните роднини и по некој партиец сега пред избори.

Пет пати во три години ветуваат промена на филтрите во РЕК, ветуваат гасификација, а ете и признаа дека три години буквално го кочеа проектот топлификација, ветуваа чист воздух, достапна општина за сите.

Наместо тоа, Битола де факто нема градоначалник и се е оставено на стихијата и во Битола ја видовме нивната сплотеност во криминалот, нивниот најсилен инструмент орудието за неправда Катица Јанева е најголемиот и највалканиот криминалец и рекетар, ама Заев и денес со стариот речник на закани и безобразие за затвор и драконски казни, нормално преку судиите кои директно ги командува, а со останатите и од Битола најави, уште од денес почнува да се пресметува“ стои во партиската реакција.

 

 

Share.