Реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопшението на директорот Дојчиновски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Откако вчера на пресконференција рекоа дека се случува сообраќаен хаос со паркирањето во градот, и откако на нивната пресконференција реагираше директорот на ЈП за Паркирање Дојчиновски, кој кажа дека Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола има концепт и решение за паркирањето во градот, и дека не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува, опозициската ВМРО ДПМНЕ испрати до медиумите нивна реакција .

Во реакцијата меѓу другото се вели :

-Колку и да демантирате, не можете да избегате од фактот дека веќе две години НИШТО не направивте. Со оваа динамика и ефикасност и името на ЈП ќе Ви остане за жал само футуристичко, оти за две години тешко дека нешто ќе завршите. Од се досега, Ваша најсилна определба сеуште останува честицата ЌЕ. А, што се однесува до пресметките еве ги бројките, па директорот барем тоа би можел, чесно да го направи за граѓаните на Битола и да им објасни дали ќе плаќаат поскапи или поефтини паркинг услуги. Од компаративната табела многу убаво се гледа дека граѓаните во период од 17:00 до 21:00 ќе плаќаат за 50% поскап паркинг за разлика од претходно, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Share.