Реакција на директорот Дојчиновски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По пресконференцијата на ВМРО ДПМНЕ, преку писмено соопштение реагираше директорот на  ЈППЈЛП Битола Зоран Дојчиновски. Во реакцијата се вели:

-Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битолаи тоа како има концепт и решение за паркирањето во градот.

Не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува. Имено, за првите два часа цената на паркинг услугата во централното градско подрачје (зона А) изнесува 30 денари, додека за секој следен час до крајот на паркинг сесијата цената изнесува 25 денари за час, што е за 5 денари пониска цена од предходната.

Во зона Б цените се уште пониски. За првите два часа ќе се наплатува 20 денари, а секој следен час дополнителни 20 денари, односно за 10 денари на час пониска цена од претходната.

Во зона Ц цената изнесува 30 денари за целодневно паркирање.

Со отпочнувањето на работа на јавното претпријатие, ќе се регулира сообраќајниот режим на паркирање на возилата, а тоа секако ќе има придонес кон подобрување на заштитата на животната средина.

Во тек е оглас за вработување во ЈППЈЛП Битола, а секој граѓанин уредно може да се пријави.

Не треба да се заборави дека во изминатиот период Општина Битола беше оштетена за значителна сума на средства преку дискутабилна одлука донесена од поранешниот Совет  верифкувана од Владимир Талески, со која комуналната такса од паркирањето наместо да завршува во општинскиот буџет, завршуваше во приватни џебови. Битолската јавност треба да знае дека станува збор за над 2 милиони денари на годишно ниво, се вели во реакција на директорот Дојчиновски.

Share.