ТЕРА

REKLAMA???

РЕАКЦИЈА НА МАВРОВСКИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ОД СДСМ

На прес конференцијата на СДСМ со реакција преку својот Фејзбук профил се огласи Васко Мавровски, портпарол на битолската ВМРО ДПМНЕ.

„Почитувани граѓани, денес уште еднаш локалната опозиција прави дефокус од нивното незнаење, корупција, криминал и неспособност, споменувајќи го моето име, моето семејство и градоначалникот Тони Коњановски.

За разлика од вас мене удбашките методи не ми се познати и нема преку адвокат да го контактирам “младичот” кој “сосема случајно” лично ме деградира, ја деградира мојата сопруга, Општина Битола и градоначалникот правејќи се недоветен дека тој не знаел за што се средствата исплатени ама гордо и со укор заклучи дека јас се “богатам” а градоначалникот ми исплаќа средства бидејќи сум негов сопартиец.

Еве вака млад социјалдемократу:

1. 350.000 денари се исплатени за ИДТФ БИТОЛИНО со одлука на совет како дел од годишната програма на општината за култура, вашата опција гласаше против а координаторот на СДС дури кажа дека тоа е супер фестивал ама зошто да му даваме пари…

2. 41.350 денари претстава ЗИМА, 6професионални актери и авторска музика, можеби и најефтината понуда за минатогодишната ЗИМСКА ПРИКАЗНА, на која учествуваа и плејада ваши членови и поддржувачи…

За да не должам сите овие средства со извештај се поднесени во УЈП и во општина Битола и се достапни за секого.

И сега најважно доколку не добијам јавно извинување за личната деградација и деградирањето на моето семејство ќе морам да побарам и да добијам објаснување од нарачателите на оваа бедна и мизерна прес конференција колку пари се исплатени на вашите раководители на национални установи од културата за приватни ангажмани од Општина Битола додека си ја земале својата платата од истите, потоа колку средства им исплатил градоначалникот на институциите раководени од ваши кадри, како и тоа зошто Општина Битола без повик доделувала договори за дочек на нова година цели четири години“ пишува во својата реакција Мавровски.