Реакција на Москва за нападите во Сирија

0
685

САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија точно во момент кога земјата доби шанса за мирна иднина, оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Според неа, оние што стојат зад нападите сметаат дека имаат екслузивно право на морално лидерство во светот.

Захарова оцени дека Сирија, која со години се спротивставувала на „терористичката агресија“, е нападната во момент кога имала шанса за „мирна иднина“.

За нападот во Сирија одговорни се САД, Велика Британија и Франција, порачал рускиот амбасадор Во САД, Анатолиј Антонов. Тој ветил дека ова нема да остане без последици.