Реакција на Петровска за обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Имајќи во предвид како владееја во изминатиот период, воопшто не ме чуди политичкиот невкус и незнаење со коишто настапија. Точно е дека мојот брат работи во ОУ „Елпида Караманди“, како што е и точно дека во периодот кога беше ангажиран во Агенцијата за вработување беше кандидат кој се водеше како невработен и беше единствен кој се појави на регуларно поставеното интевју, какво што има при секое друго вработување. Мојот брат ги доби часовите зашто немаше друг кандидат“, вели градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Таа додаде дека во изминатите десетина години тој никогаш не добил шанса за вработување како наставник.

„Прашање е следно како човек кој е дипломиран веќе десет години не нашол прилика да работи во образовна институција иако имавме ситуации кога беа носени за вработување лица од други градови, со што беше оптоваруван буџетот, само за да не биде вработен брат ми. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само да не биде братот на градоначалничката?“, возврати Петровска.

 

Share.