Поранешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска во писмо до медиумите реагира на изјавите од минатата недела околу темата со поскапувањето на водата во Битола, кое не се случи откако таа точка не помина во Советот на Битола и не доби поддшка и од ВМРО ДПМНЕ.
Инаку ВМРО ДПМНЕ потсетуваше на поскапувањето на водата кое го дозволило Советот во 2018 година, кога Петровска беше градоначалничка.
„Барајќи аргументи за наводната оправданост на поскапувањето предлагачите се повикуваат на наводното поскапување во минатото.
Иако не би се занимавала со минатото сепак морам да напоменам дека првото барање за поскапување беше на самиот почеток на мојот мандат по предлог на Регулаторна комисија за енергетика. Но, предлогот произлезе од барањето на раководството на Водовод поставено од Владимир Талески кои на 15 септември 2017 година, месец дена пред моето доаѓање на градоначалничката функција поднесоа барање за поскапување на водата.
По мое барање и предлог, Советот на почетокот на 2018 година не го усвои барањето за поскапување на водата и го врати на повторно разгледување на Регулаторна комисија за енергетика.
Согласно барањето на Водовод за регулирани цени во 2020 година при одредување на тарифите за цена на водата имаше незначителни поместувања на цената“ стои меѓу другото во реакцијата на Петровска.












