Реал Мадрид ја освои европската титула во Лигата на шампионите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шпанскиот Реал Мадрид по трет пат едно по друго ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако вечерва во финалето го совлада Ливерпул со резултат 3-1.

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус направи грешка и му подари топка на Карим Бензема, кој погоди за 1-0. Неколку минути подоцна, Садио Мане ја врати неизвесноста во дуелот, откако по корнер израмни на 1-1.

Потоа на сцена стапи нововлезениот Герет Бејл кој со два гола му ја донесе титулата на Реал Мадрид.

Share.