Ребалансот на буџетот пред битолските советници

Заради распоредување на дополнителни  97 милиони денари кои се предвидени за оваа година денеска се прави ребаланс на буџетот на општина Битола. Претседателот вели дека за јавноста ќе споделам како што рече неколку интересни ставки.

1 милион денари повеќе и за почиста Битола, пари за униформи за пожарникарите.  На 4 месеци до локалните избори локална власт предлага ребаланс, со кој буџетот на општината ќе изнесува цели 39 милиони евра, рече советникот од ПОДЕМ Николче Јанкуловски.

Јанкуловски забележа дека од готов проект за пречистителна станица кои што требаше да ги собира отпадните води, Петровска го искомплицирала проектот од само за неа разбирливи причини, рече тој. Во изминатите 4 години само за нешто расправаме, само за нешто носиме одлуки, кои напишани на ливче се супер, меѓутоа реалноста во градот е друга, забележува Илиевска од ПОИНАКУ.

ИЛиевска смета дека доаѓаат на седница на која работите се завршени и дека 4 години ниту еден нивни предлог не се прифатил да влезе во ниту еден Буџет. За владеачкото мнозинство дека успешно се работи во изминатите години покажувале завршните сметки каде се гледала висока реализација на планираните проекти.

Прашавме за забелешките на опозицијата дека малку пари имало за екологијата?

Откако ќе се заврши партерното уредување околу Офицерскиот дом ќе се направи хортикултурно уредување за симболот на градот Офицерскиот дом да добие вистински културен и модерен изглед . Илиевски ги спомена и инвестициите за уличното осветлување. За неколку месеци комплетно и живините ќе бидат заменети со лед сијалици. Седницата за ребалансот на буџетот продолжува и утре.

Сподели