„Ревизор“ доаѓа во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамки на проектот манифестацијата „Нов културен бран 2019“ претставата „Ревизор“ од Гогољ ќе биде одиграна на сцената на повеќе македонски театри. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а претставата је играат актерите кои неодамна дипломираа на ФДУ во класата на Мими Таневска Србиновска и дем.Ангелчо Илиевски.

Претставата вечерва е во Битола на сцената на театарот со почеток од 20 часот.

Ликови:
Антон Антонович – Томислав Давидовски
Ана Андреевна – Стефанија Митовска
Марија Антоновна – Наталија Ристеска
Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски
Амос Фjодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски
Артемиј Филипович Земњаника – Исмет Шабановиќ
Иван Кузмич Шпкеин – Стефан Спасов
Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски
Петар Иванович Бопчински – Maрјан Наумов
Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски
Февроња Петровна Пошљапкина – Изабела Јакимова
Подофицирката Ивановна – Ана Димитров

Претставата е изведена повеќе од 15 пати, во склоп на Факултетот за драмски уметности, Драмскиот Театар во Скопје, Театар Комедија во Скопје, Прилепскиот Театар Марко Цепенков во склоп на фестивалот Војдан Черднодрински и меѓународниот студентски театарски фестивал Дионис во Хрватска, каде освои награда за најдобра претстава. Популарноста на претставата беше искористена и за обезбедување средства за хуманитарни цели.

„Ревизор” е социјална и морална сатира која ја играат 12 актери, според текстот на Николај Василевич Гогољ. Истата вклучува 5 чина кои се изведуваат во времетраење од 90 минути. Целта на претставата е преку комичен начин да ја прикаже корупцијата која постои во една руска провинција. Дејството се одвива во Русија во првата половина од 19 век каде во едно мало село се очекува да пристигне важна личност – ревизор. Но, на местото на важната личност, доаѓа некој друг за кој сите претпоставуваат дека е ревизорот. Целата конфузија создава комични сцени, анегдоти и неочекувани настани и недоразбирања.

Share.