ТЕРА

REKLAMA???

РЕВИЈА НА НАРОДНИ НОСИИ „ОД ЉУБАНИШЧА ДО ДЕБОР“

Уште еден настан од полето на традиционалната култура се одржа во Битола. Станува збор за ревијата од традиционални носии автентични за Југозападниот регион во земјава, прикажани и во Монографија „Од Љубанишча до Дебор“ на Љупчо Милошески.

Авторот е младиот стружанец колекционер, кој од своите 15 години започнал со собирање на народни носии. На ревијата беа прикажани дел од невестинските носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, од 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина. 

Станува збор за вистински ремек дела, кои ја отсликуваат креативноста на жените од регионот. Зачуваните примероци со сето свое богатство, изразено во разновидноста на облеките, начинот на нивното украсување, орнаменталните композиции се дел од националното културно богатство. Милошески носиите ги собирал со години одејќи од куќа во куќа низ селата во целиот регион. Тие сега соодветно се чуваат за идните генерации.

Минатата година токму со промоцијата на монографијата со народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошески започна меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“.

На фестивалот Илинденски денови  КУД „Илинден” од Струга каде Милошески е кореограф, ја доби наградата за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.