ТЕРА

REKLAMA???

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа на ја одржа втората форумска сесија од серијата на консултативни регионални форуми.

На првата форумска сесија беа детектирани и разработени повеќе регионални проблеми од чии предлог решенија се изработија предлог проекти.

Учесниците на форумот и овој пат имаа успешна сесија, а целта на истата беше заеднички со партиципативен пристап да се приоретизираат предложените проекти.

Од изработените предлог проекти форумот на втората форумска сесија ги приоретизираше трите најрелевантни предлог проекти:

-Подобра социјалната инклузија преку изградба на инфраструктура за млади, спорт и рекреација во руралните и урбаните средини во ППР;

-Подобрување на квалитетот на живот на населението и заштита на животната средина во ППР преку планирање и инвестиции во комуналната инфраструктура;

-Поголема конкурентност на ППР преку инвестиции во локалната патна инфраструктура;

Тие понатаму ќе бидат поднесени за реализација од проектниот фонд на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година.

Процесот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.