Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 54 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.












