Регулаторната комисија за енергетика новите цени за водата ги донела по завршувањето на локалните избори во 2017

0
389

Владата денеска ја разгледа информација за обврските и роковите кои произведуваат од Законот за утврдување на цени на водните услуги. Од анализата врз основа на оваа информација, произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги. Наместо да бидат донесени во 2016, Регулаторната комисија за енергетика новите цени за водата ги донела по завршувањето на локалните избори во 2017 година.

Оваа постапка сериозно ја доведува во прашање независноста на Регулаторната комисија за енергетика која очигледно ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори.

Согласно ова сознание, Владата им препорача на водостопанските препријатија, дека можат да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга согласно ставот 2 од членот 17 од Законот за утврдување на цените за водите, стои во соопштението од денешната седница.