Регулаторна побара зголемување на цените, Нискоградба одби

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Управниот одбор на Нискоградба до Советот на општина Битола достави предог одлука за неприфаќање на Тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води на КЈП „Нискоградба“ Битола за регулиран период од 2018-2020 год.

Согласно новата законска регулатива државната регулаторна комисија пресмета зголемување на цената на услугите на Нискогардба за Битола и за оваа и наредните две години.

Во тарифникот на Регулаторната комисија се бараше зголемување на цената за домаќинствата за оваа година од 10.55 на 12,15 денари за метар кубен, а за правните лица од 15,83 на 17,62 денари.
За 2019 година цената од 12.15 за физички лица да се зголеми на 12,86 денари за метар кубен, а за правни лица од 17,62 на 18,33 денари.

Во 2020 година битолските домаќинства според оваа пресметна на регулаторна би плаќале наместо 12,86 колку што беше предвидено во 2019, во 2020 да се зголеми на 13,65 денари за метар кубен. За правните лица таа цена во 2020 да достигне 19,11 денари.

Но, управниот одбор на Нискоградба му предложи на Советот на општина Битола, овој тарифник да не го прифати.

Управниот одбор на Нискоградба пак, му предложи на советот да ја прифати одлуката на Тарифата за прочистување на отпадни води на КЈП „Нискоградба“ Битола за регулиран период од 2018 – 2020 година по категории на корисници за населено место Кукуречани.

Таму регулаторна за 2018 година ја намали цената на услугата од 10,55 на 6,41 денар за метар кубен за оваа година за физички и намалување на цената за правните лица од 15,83 на 9,30 денари.

Мало зголемување е предвидено за следната година од 6,41 на 6,59 денари, а кај правните лица од 9,30 на 9,39, додека во 2020 година физичките лица ќе плаќаат 6,80 денари за метар кубен, а правните 9, 53 денари.

 

Share.