Река, Села и Касами на предизборен митинг во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кандидатот за претседател професорот Блерим Река денеска на предизборен митинг во Битола. Неговото мото за изборите е „Река за Републиката“.

Тој дојде заедно со лидерите на двете партии кои го предложија Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА.

Порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато. Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта. Река потенцираше дека основата на неговата кампања лежи во република против приватна држава, и перспективна република – против празна држава.

Река рече дека е потребно итно решение за да се спречи масовното иселување на младите.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села рече дека треба да се даде гласот за Река, оти за едно општество не е добро и премиерот и претседателот на држвата да се од иста партија, како што тоа беше во минатото.

Пред присустните се обрати и лидерот на Беса Биљаљ Касами.

 

 

Share.