Општината продолжува со уредувањето на Новиот парк во Нова Битола.

Велат дека деновиве се поставуваат спортски и детски реквизити, како и друга урбана опрема која вклучува клупи и корпи за отпадоци. Со ваквото уредување Битола добива нов простор за одмор и рекреација, но и за игра и забава на најмладите.

Проектот за изградба на Новиот парк, го реализира Општина Битола, во соработка со јавните претпријатија, а во досетгашниот период се работеше на соодветна адаптација на просторот, хортикултурно, партерно уредување и осветлување.












