Рекордни 35.000 амандмани за Законот за јазици

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од ВМРО-ДПМНЕ за ТВ24 најавуваат рекордни 35 илјади амандмани со кои ќе го спречуваат носењето на законот за унапредување на јазиците во законодавниот дом. Велат најголемиот дел од амандманите се суштински.

„Амандманите се суштински, овој Закон е во спротивност со Уставот на Република Македонија и ние бараме од предлагачот, односно Владата предводена од СДСМ, да го повлече истиот. Првенствено настапуваме со амандмани, не би рекол дека тоа е блокирање, ние бараме унапредување на сите етнички заедници во Република Македонија“, вели Орце Ѓорѓиевски – ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниските служби за ТВ24 велат дека велат дека целодневно работат на архивирање на илјадниците  поднесени амандмани.

„Поднесени се илјадници амандмани, службите се уште работат на нивно архивирање“, велат од Собранието.

Мнозинството пак најавува, откако амандманите ќе бидат заверени дека ќе се групираат, по што ќе се знае и конечната бројка. Според извори од мнозинството се размислува и за начин со кој би се ограничила процедурата, иако според истите извори имаат различни толкувања во коалицијата колку како е тоа изводливо, особено затоа што не е предвидено тоа како што беше на комисиската расправа.

Ова нема да биде првпат Собранието  да биде блокирано од илјадници амандмани – ДУИ тоа го направи со 15 000 за законот за бранители, а илјадници имаше и за Изборниот законик, по што Груевски и Ахмети го потпишаа мајскиот договор и  заминаа на избори.

Претседателот Ѓорѓе Иванов на 17 јануари стави вето на законот Порача дека тој е надвор од уставот и дека го загрозува унитарниот карактер на земјава.

24vesti.com.mk

Share.