Рекреативен парк на река Коњарка, Скочивир

0
2781

Општината Новаци и Европската асоцијација за локална демократија -АЛДА Скопје организираат Културен Хепенинг Новаци поддржан од страна на Делегацијата на Европската Унија во рамки на Европска година на културно наследство 2018.

Културниот Хепенинг ќе се одржи на 21 јуни 2018 година во Рекреативен парк на река Коњарка, Скочивир. Официјалното отворање на Хепенингот од страна на Амбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е. Кристијан Тимоние,Амбасадорот на Франција и Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоскиќе започне во 12:30 часот.

За време на Хепенингот се предвидени музички перформанси како и рекреативни и еколошки активности наменети за деца и поширока публика со цел да се промовира и заштити културното наследство во Новаци.