ТЕРА

REKLAMA???

РЕК БИТОЛА ПОДГОТВЕН ЗА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА

РЕК-Битола е подготвен за новата грејна сезона. Завршени се ремонтите на  БЛОК 1 и БЛОК 2 така што преземени се сите мерки за стабилно производство, рече генералниот директор на РЕК- Битола Пеце Матевски на денешната пресконференција.

Состојбата на јаглен на депонија е на завидно ниво. После многу години ја отпочнуваме грејната сезона со околу 500 илјади тони јаглен, односно на главна депонија и помошните депонии. Досега вакво количество на ископан јаглен било само во златното време на РЕК Битола. Нашите вработени покрај тоа што го ископаа овај јаглен имаме и откривка од 2 милиони тони јаглен, секоја почит и голема благодарност до нашите вработени. Имаме 2 милиони откривка на јаглен кој е спремен за експлоатација, 500 илјади тони се веќе ископани и се наоѓаат на нашите депонии, но сепак ќе имаме увоз на јаглен кој е со високо калорична моќност заради да имаме мешање, бидејќи нашиот јаглен кој сега го ископуваме е посиромав и со многу ниска калорична вредност. Ќе набавуваме од Грција и Албанија“, рече генералниот директор Пеце Матевски.

На крајот на месецот во погон ќе бидат пуштени трите блока на РЕК Битола. Матевски информираше и за активностите кои биле преземени после завршувањето на грејната сезона па се до денес.

„Помеѓу завршувањето на грејната сезона и сега пред почетокот на оваа грејна сезона можеме да се пофалиме со повеќе активности што беа преземени во РЕК- Битола. И тоа со пуштањето на новиот БТО систем, преместувањето на јагленовиот систем од 8 километри кое не беше направено во изминатите 40 години, потоа разладната кула на БЛОК2 каде што ги заменивме старите панели со нови панели, моментално се санираат крововите каде што работат работниците. Да нагласам уште една работа нашите работници добија за 15% повисоки плати“, рече Матевски.

Во моментот во РЕК-Битола има нешто повеќе од 2000 вработени.