Директорот на Рударско – енергетскиот комбинат Битола, Пеце Матевски и Ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски потпишаа Меморандум за соработка во насока на поддршка на апликативни проекти и унапредување на образованието на младите во Македонија.
Во рамки на предвидената соработка Универзитетот ќе обезбеди на РЕК Битола услови за презентација и пренос на знаење од страна на РЕК Битола за теми развиени во соработка со РЕК Битола, изработка на апликативни проекти, елаборати и студии од областа на експлоатацијата и употребата на минерални суровини за потребите на РЕК Битола.
РЕК Битола, од друга страна, ќе овозможи на Универзитетот презентација и пренос на знаење од страна на стручни лица вработени во РЕК Битола во соработка со Универзитетот и организација на едукативни форуми, можност за пракса на студенти на додипломски и постдипломски студии, можност за стипендирање на студенти од страна на РЕК Битола, можност за реализација на официјални посети на РЕК Битола како дел од научно – истражувачката работа на вработените и студентите на универзитетот и слично, соопштија од ЕСМ.













