ТЕРА

REKLAMA???

РЕЛАКСИРАНО ВО СОВЕТОТ, СЕКОЈ ВО СВОЈОТ СВЕТ ИЛИ СВЕТОТ ОКОЛУ НЕГО

Вчера Советот го донесе буџетот, тивко и без многу галама. Релативно кратко траеше седницата и едната и другата и иако имаше прекини, не останаа до полноќ како што тоа било случај со други седници.

За буџетот гласаа 26 советници ( ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, СДСМ и Коалицијата).

Против овој буџет беа двата советника од Левица.

Воздржани беа тројцата советници од Поинаку.

Развојните програми треба да креираат развоен буџет. Така на него се гледа од програмите кои се составен дел. Кога сме кај развојот Корлевски праша дали парите ќе се потрошат на развој. Како проблем го посочи кадровскиот потенцијал, а ова пак беше во делот на советнички прашања до Коњановски.

Вели дека како општина ќе се соочат со недостаток на кадар, нов човечки капацитет оти не сме во чекор со вермето, споменувајќи го примерот со огласот за инвертер климите, кога паднал системот, а вели сега немаме луѓе кои треба да бидат во тек согласно програмите кои се носат за период 2024-2026 година.

Светот зборува за модерната технолигија, а Левица за темните улици, одосно совеникот Трајковски го праша Коњановски и за осветлувањето, односно темните улици и за кучињата скитници, односно ветениот стационар.

Технологијата и комуникциите, навистина беа непосредна тема. Чулакоски го потсети Коњановски на една слика од пред две години и за лајковите кои ги собрала таа фотографија, а разговарале за иднината на Битола.

„Од тогаш поминаа две години, а денеска ако ги прашаме тие луѓе кои ставија лајкови, а биле околу 1000 и кои верувале во нас двајцата, дури 90 проценти од нив сега ќе речат кастарафа сте и ти и Тони“ рече советникот Чулакоски.

Коњановски им кажа дека на писмено советниците ќе ги добијат одговорите и забележа дека на оваа седница повеќе имало политички фолклор, притоа реплицирајќи му на советник на прашање дали ќе бидел носител на листа.

Малку прашања до градоначалникот, релаксирана атмосфера во советничките клупи,  најверојано претпразнични, а и во чекор со времето, модерната технологија и комуникацијата.