Ова се денеска измернеите максимални температури: 6 степни на Попова Шапка, 8 во Крушево, 9 Маврови Анови, Лазарополе, 11 Берово, 12 Охрид, Претор, Виница, 13 Прилеп, 14 Крива Паланка, Тетово, Битола, Штип, Демир Капија, 16 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 17 Струмица, 18 Гевгелија.
До крајот на денот претежно ведро и тивко. Во вечерните и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.
Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со релативно високи дневни температури за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо што ќе услови пониски дневни температури.












