Реми на Пелистер и Вардар во бледото „вечно дерби” во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Во првата македонска фудбалска лига,  беа одиграни средбите од 25. коло. Водечкиот тандем на табелата, Шкендија и Вардар одиграа мечеви без голови против Скопје и Пелистер, додека трето пласираниот Силекс ја совлада Победа.
Вечното дерби во Битола, меѓу Пелистер и Вардар не донесе којзнае каков фудбал, па на крајот дуелот заврши со нај непопуларниот резултат 0-0.  Исто беше и на средбата во Автокоманда, каде кај Скопје гостуваше Шкендија.
Третопласираниот Силекс во Кратово ја совлада прилепска Победа со 1-0, со голот на Дејан Благојевиќ во 26.минута
Share.