Реномирани светски фризерски имиња на 12-тиот Hair fair во Охрид

0
2979

На 25 и 26 март  во прекрасниот хотел “Aqualina”, сместен на Охридското крајбрежје ќе се одржи дванаесеттиот по ред фестивал на фризура , мода и убавина “HAIR FAIR 2018”.

Организаторот на оваа манифестација , Македонската фризерска асоцијација, се погрижи оваа година да учествуваат престижни фризерски имиња како од Балканските простори, така и пошироко од Европа.

– Потврдено е учеството на познатиот Џанкарло Миланезе од Италија, но и на Гоце Ралевски, најдобриот и најтрофејниот македонски фризер и стилист, кој живее и работи во Малме, Шведска, информираше претседателот на македонската фризерска асоцијација Димче Ивановски.

– Ралевски е добитник на првото место во 1984 и 1985 тата година на Stockholm hair open, во 1990-тата на го освојува 3-тото место во Ротердам, истата година е добитник на првото место на SKANDINAVIA HAIR, во 1992-та го освојува 5-тото место екипно со репрезентацијата на Шведска на WORLD CUP TOKIO. Рлевски бил стилист на победничката од Шведска на Евровизија во 1991 , стилист на модната агенција ЛМ за Скандинавија, едукатор е во Скандинавија за компаниите WELLA и Schwarzkopf и сопственике на AVANTGARDE STUDIO во Малме

– Миланезе поседува титула HAIR MASTER во Италија. Од 1998-тата до 2001 та бил уметнички директор во Видал академијата во Лондон. Го освојува второто место на светскиот куп за фризери во 2014-тата година, второт место со италијанскиот тим на Европскиот куп во 2015 тата година за најдобро потстрижување и колористика, првото место на светскиот куп во Киев Украина во мај 2016 за асиметрично потстрижување и колористика.

Директор и основач е на Giancarlo Milanese International Academy.

 

Програмата утврдена за овогодишниот саем на фризурата е следна:
25-ти март ( недела) е натпреварувачки ден каде што учесниците ќе се натпреваруваат во следните дисциплини: Машко потстрижување, Женско потстрижување, Пунџа на долга коса,Невестинска фризура и фризура Фантази.По завршувањето на натпреварувачкиот дел , следуваат шоу перформанси на фризери од фризерските клубови од повеќе македонски градови.
26-ти март( понеделник ) со свои шоу перформанси ќе се претстават најдобрите фризери – стилисти од Италија, Белгија, Холандија , Турција, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.