Реномирани светски џез имиња на првото издание на фестивалот Џез фактори

0
249

Од 18-ти до 20-ти  мај, Битола ќе биде домаќин на првото издание на Џез фактори фестивалот.
Главната програма ќе се одвива на терасата пред офицерскиот дом, оф програмата и работилниците ќе се одвиваат во кафе бар Камарите.
Идејата потекнува од 2011 година кога џез музичарот и шефот на катедрата на џез студиии на универзитетот Гоце Делчев во Штип, Сашо Поповски, ги започна џез работилниците Џез фактори, проект кој заврши во 2012 со џез концерт, а кој
минатата година во соработка со МКЦ. се одвиваше во општина Могила со 4 работилници.
Со тек на време оваа идеја се развива и тој едукативен центар прераснува во Џез фестивал кој оваа година ќе го има првото издание.
Фестивалот е во заедничка соработка со центарот за културна деконтаминација од Битола.

Првото издание носи реномирани светски имиња од џез сцената, пред се специјалниот гостин кој доаѓа од Барселона, Душан Јевтовиќ. Тој ќе настапи со неговото трио во кое членува реномираниот Васил Хаџиманов, како и тапанар од Израел кој живее во Лондон- Асаб Сиркиз.
Неговиот последен албум No answer е на трето место за најслушан џез албум на светките чисти.
Втората вечер ќе настапат два македонски бендови Сашо Поповски трио и Фирс, кои ќе изведат дел од нивниот прв албум и дел од новиот материјал кој веќе го снимаат.
Фестивалот ќе го затвори Тони Китановски со неговиот бенд .
Оф програмата ќе биде комплетно во реализација на студентите на џез катедрата од Универзитетот во Штип.

Фестивалот ќе се одвива со поддршка на Министерството закултура на република Македонија, општина Битола, а Тера телевиизја е медиумски покровител.

Работилниците ќе ги одржат Душан Јевтовиќ, Васил Хаџиманов и Тони Китановски, а како дел од програмата е и дебатата која ќе ја одржат музичките новинари од цела Македонија.