На околу 2 км над селото Буково, на доминанатна височинка опкружена со густа шума се наоѓа Буковскиот манастир Свето Преображение Христово. Комплексот се состои од манастирската порта, црквата, конаците на два ката, со кујната и трпезаријата, камбанарија, спомен соба и уште неколку други помошни објекти.

Овај Буковски манастир претставува духовен центар за голем број верници од подпелистерието, но и од Пелагонија. Голем број на верници тука го наоѓаат мирот, но и место каде можат да се помолат за здравје.Не пречека Владо Кабровски, чен на Црковниот одбор на Буковската Парохија под која спаѓаат 6 цркви и овај манастирски комлекс.

„Манастирот се вика Св.Преображение и се наоѓа на околу 2 километри од Буково на надморска висина од околу 1300 метри. Манастирот во својот состав располага со Црквата има конаци во кои имаме и соби за ноќевање кои по потреба на верниците ги даваме на користење со надомест кој колку сака да си остави за црквата. Ние како нов црковен одбор кој делуваме веќе 15-на месеци се трудиме некои работи да ги обновиме да ги средиме и се залагаме доста да направиме нешто за да овај манастирски комплекс привлече уште поголем број на луѓе и да имаме приходи од тоа, а и сите што ќе дојдат тука да можат да уживаат во овие убавини. Наредните планови ни се овај манастир да се реставрира заедно со конаците, да се смени кровот, да се направат дренажи за да можи да се направат подобри услови за секој што ќе престојува тука и што ќе биди тука“, рече Владо Кабровски, член на Црковниот одбор.

Црквата е изградена во средината на комплексот ограден со камени ѕидови. Со својата содржина и квалитетот на изведбата е еден од најрепрезентативните споменици од ваков тип во потпелистерскиот регион. Во манастирскиот комплекс има и камбанарија и Параклис Св.Недела.
„Манастирот е обновен на стари темели 1837 година. Иконостасите внатре се правени во рок некаде околу 40 до 50 години, некаде до 1860 или 1870 година се средувал манастирот. Во исто време изградена е и камбанаријата, а влезната порта е правена малку покасно некаде околу 1900 година, а сега истата ја возобновивме односно ја реконструиравме и е нова. Да напоменам дека и во комплекост на манастирот има Параклис Св.Недела кој во 2022 година кога беше земјотресот падна едно големо дрво бука кое го уништи, така што сега имаме нов Параклис со донации од наши сограѓани соселани од Буково како и наши иселеници“, рече Кабровски.

Овој манастир бил исто така едно од омилените места на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време на Отоманската империја. Тука често престојувал Рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски.
„Во комплексот има и соба на рускиот конзул Ростковски кој бил чест гостин тука во Буковскиот манастир, а исто така и Крсте Мисирков милувал да биде тука и го посетувал манастирот. Во комплексот исто така спаѓа и една фурна која што е моментално руинирана, но сега со планот наш за реконструкција на манастирот ќе биде средена и планираме повторно да ја ставиме во функција“, рече Кабровски.

Манастирот се одржува со средства од верниците, но и од иселеници од овие краишта. Во комплексот има конаци кои се реноварини во поново време и служат за посетители.
„Во манастирот доаѓаат доста луѓе, можам да речем дека 80% од посетителите се стални гости, но и тие што доаѓаат поретко се воодушеви од природата и среденоста на манастирот како и чистотата и сите изразуваат желба дека ќе дојдат пак“, рече Кабровски.

Секоја црква и манастир дише со својата приказна, така и овај манастир. Кога еднаш ќе го посетите си велите овај мир треба повторно да го имам и ве тера повторно да се вратите.












