„Репортери без граници“: Лажното убиство на Бабченко е беден трик

0
169

„Репортери без граници“ го осудија лажното убиството на Аркадиј Бабченко и го нарекоа „беден трик“. Шефот на организацијата Кристоф Делоар изјави дека направеното е жално и „жали што украинската полиција си игра со вистината, каков и да е нивниот мотив … за овој трик“.

Претходно портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија напиша на Facebook: „Тоа што Бабченко е жив, е најдобрата вест. Штета, сепак, дека маскарадата не успеа. Тоа дека во целата приказна е заложен пропагандистички ефект е очигледно“, рече Марија Захарова.

Во вторникот вечерта полицијата во Киев соопшти за напад врз Бабченко, како резултат на што тој бил убиен. Подоцна се покажа дека тоа е наместено.

standard.mk