Репортери без граници: Македонија на 109 место по слободата на медиуми

0
171

Организацијата „Репортери без граници“ предупредува дека кршењето на слободата на печатот повеќе не е прерогатив само на авторитарните режими и диктатури. Оваа организација со седиште во Париз во својот Светски извештај за слободата на печатот од 2017 година, објавен денеска, додава дека таа проценка ги вклучува САД и неколку земји-членки на Европската унија. „Непријателството кон медиумите од страна на политичките лидери повеќе не е ограничено на авторитарните земји како што се Турција и Египет каде што „медиумската фобија“ сега е толку изразена што новинарите рутински се обвинети за тероризам и сите оние кои не нудат лојалност се затворени“, се вели во извештајот. Од Балканот на ранг листата најдобро е пласирана Босна и Херцеговина на 62 место. Следуваат Хрватска на 69, Србија на 76, Косово на 78, Црна Гора на 103 и Македонија на 109 место.

slobodnaevropa.mk