ТЕРА

REKLAMA???

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ПЕШЕВСКИ ПОТПИША ЗА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Еурофарм Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Од сезоната 2022/23 дресот на битолскиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.

31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Пешевски е роден во Скопје на 11 април 1991 година, а во својата кариера настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.

Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција.