Ресенчани против аерозагадувањето од локалната тулана

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И во Ресен јавна дебата против загадувањето. Граѓанската иницијатива “Стоп за труењето од кокс од „Нова Слога“ од Ресен и Здружението за заштита на животната средина ЕКО Герила, реагираат на ккао што тие велат загадувањето од туланата.

Граѓани кои беа дел од дебата велат дека веќе 5 години го дишат чадот што се испушта при согорувањето на енергенсот и прашината што се создава од камионите кои превезуваат.

-Не можеме да излеземе надвор на чист воздух, ниту во дворот не можеме да излезема, чувствиваме главоболка“, вели Зоран Бандиловски од Ресен.

-Се чувствува голема миризба во воздухот и толку е силна што не се дише, не можеме ниту надвор да излеземе. Штетно е и за возрасните, но посебно за децата“, изјави Зоран Богдановски жител на Ресен.

Еко Герила Преспа“ побараа надлежните да извршат ревизија на еколошката дозвола што фабриката ја добила пред 6 години.

– Петрол коксот е голем загадувач на животната средина и затоа ние како здружение бараме од минситерството за животна средина да излезе на терен и да се преиспита веродостојноста на А интегриранаа дозвола на субјектот. Исто така бараме да се постави мерна станица за мерење на квалитетот на амбинеталниот воздух што би била единсвен показател што ние дишиме“, рече Марија Ефтимовска од „Еко Герила Преспа“.

Од Општинскиот инспектор за животна средина во Ресен, велат дека во изминатиот период ги презела сите активности во нивна надлезност надлежност.

– По 6-7 години ќе се изврши генерална еколошка ревизија од Министерството за животна средина. Континуирано имаме стручни извештаи од акредитирани фирми за извршено мерење сите се во ред, повторно нема да биде ставена измена за поставување на филтри. Ништо од тоа не ни оди во прилог. Во прилог оди само да се стави забрана за употребата на петрол коксот“, рече Андријана Георгиевска Зебековска, овластен иснпектор за жиотна срдина во општина Ресен.

Сопственикот на туланата „Нова слога“, Васе Митев, за Тера вели дека целосно ги почитува законите и дека ги има сите потребни дозволи за работа. Се сомневаат дека некој ги манипулира ресенчани.

– Туланата користи пропан бутан, мазут и само 20 проценти употребува петрол кокс, кој е дозволен во Република Македонија. Се користи во сите тулани и во други капацитети и тоа во многу поголеми количини. Доколку петрол коксот се забрани за употреба ние ќе го почитуваме тоа. Имаме А интегрирана еколошка дозвола, постојано се вршат мерења на аерозагадувањето, секогаш сите мерења се во ред, иако тоа е дополнителен трошок за нас, но ги исполнуваме сите законски обврски. Не знам кому оди во прилог туланата да не работи“, изјави Васе Митев кој вели дека не добиле покана за трибината на која тема била токму фабриката „Нова слога“ со што немале можност да одговорат на обвинувањата.

Организаторите од Еко Герила Преспа, пак, велат дека не само што испратиле покана до компанијата, туку добиле и повратен одговр во кој тие го откажале учеството на трибината.

– Во врска со вашата покана за присуство на јавна дебата на тема НОВА СЛОГА – стар проблем ве известуваме дека од оправдани причини не можеме да присуствуваме на јавната дебата. Ве замолуваме да го прифатите нашиот одговор позитивно, а ние сме спремни да примиме во нашите простории тројца ваши членови од здружението, заедно со републичкиот инспектор по заштита на животна средина после Велигденските празници и заедно да разговараме за сите наведени точки од вашиот дневен ред на дебатата. Ви благодариме за разбирањето, ова беше одговорот од „Нова слога“ до здружението „Еко Герила Преспа“.

На трибината се постигна согласност за формирање на работна група, составена од членови од надлежните органи и претставници на здружението Еко Герила Преспа, и иницијативата, која што ќе изготви правно и институционално издржани барања и истите ќе ги адресира до надлежните регионални и централни органи.

Share.