Ресурсниот центар за деца со пречки во видот од денес во ОУ„Климент Охридски“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од денес Ресурсниот центар за деца со пречки во видот на нова локација, во просториите на ОУ Климент Охридски во Битола. Со погача и со македонски носии децата од ова училиште ги пречекаа гостите. Овај ресурсен центар е дел од проектот на УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите . Истиот е започнат во 2014 година и се имплементира преку Универзитетот на Југоисточна Европа.Главната цел на проектот е да се зголемат образовните можности за децата со пречки во видот преку писменост и пристап до образование како и рано откривање на евентуални очни болести.

 Пред присутните гости се обрати директорот на канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија кој рече дека ваквите образовни можности ќе бидат еднакви за сите, и додаде дека на лицата со оштетен вид не им треба заштита туку можности и ресурси.

-Знаеме дека многу лица и деца со оштетен вид немаат еднакви можности и ресурси . Горди сме со проектот за децата со пречки во видот . Ние им даваме еднакви можности на сите деца да ги реализираат своите потенцијали. Во рамки на овај проект се преведени со браево писмо  сите учебници  од прво до деветто одделение . Знаеме дека кога лицата со оштетен вид ќе бидат активни и активно ќе придонесат во нашето општество со тоа докажуваат дека активно можат и треба да бидат вклучени во социјалниот живот, рече Едвард Гонзалес,   директорот на канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија

Освен што е финансиран од УСАИД ,финансиски е помогнат и од Меѓународната фондација на Лајонс клубовите. Членовите на Лајонс клубовите континуирано спроведуваат презентации за родителите и дистрибуција на Лајонс програмата за заштита на здравјето на очите, поддршка на вон-училишни активности , како и активности за подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со пречки во видот.

Ресурсниот центар  постои веќе три години, наствата  се одржува 4 пати неделно по неколку часа . Со децата ќе работат двајца обучувачи, еден дефектолог од ОУ Климент Охридски и еден дефектолог од Заводот Кочо Рацин од Битола. Проектот е составен од образовна, медицинска и социјална компонента и се реализира со партнерство со општината

– Ова е ден кога јас сум пресреќна и возбудена. Овој проект значи многу, затоа што станува збор за наши дечиња коишто имаат можност и покрај тоа што имаат пречки со видот, сепак да ги следат наставните содржини и да се едуцираат и на некој начин, да им го надополниме она што го немаат – ја немаат светлината, меѓутоа ние на овој начин им овозможуваме таа да допре до нив и да им се отвори светот и на тие дечиња. Голема благодарност до УСАИД, до Лајнс клубот, до Универзитетот на Југоисточна Европа, на оваа нивна благородна поддршка, идеја и енергија која што насушно ни е потребна и која што покажува дека нивните намери се во иднина да помагаат во овие насоки, а нам како општина и мене како градоначалник, дефинитивно ни е должност, да овозможуваме сите вакви добри идеи да немаат никакви административни пречки, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

В.д директорката на училиштето рече дека дислоцирањето на ресурнсиот центар е од големо значење .

-За нашето училиште ова е од големо значење, пред се затоа што и  претходниот ресурсен центар го посетуваа наши ученици, а сега ќе биде од голем бенефит за учениците, наместо да одат во друго училиште, да бидат тука постојано и да го користат континуирано согласно потребите на учениците. Во ресурсниот центар ќе работат двајца специјални обучувачи: дефектологот кој што е веќе вработен во нашето училиште и ќе му помага дефектолог од Заводот „Кочо Рацин”, изјави Гордана Анастасовска, директорка на ОУ Свети Климент Охридски – Битола.

Од страна на носителите на проектот беше посочено дека и во иднина ќе продолжат да ги подржуваат ваквите активности со надеж дека овај Ресурсен центар ќе прерасне во регионален центар кој што ќе работи со полно работно време. Проектот за децата со пречки во видот, овозможува комплетна функционалност на ресурсните центри во државата, обезбедување на учебници, аудио книги, квиз на знаење, инклузивни спортски активности, како и вон-училишни активности за децата со пречки во видот.

 

Share.