Речиси 70 загинати во пожарот во затвор во Венецуела

0
161

Речиси 70 луѓе загинаа во бунтот и пожарот во една полициска станица во градот Валенсија во Венецуела, објавија властите.

Јавниот обвинител Тарек Саб изјави дека веднаш ќе почне истрага, за да се испита што се случило.

Пожарот, наводно, го предизвикале затвореници, кога запалиле душеци со цел да избегаат од затворот. Властите потврдија дека има најмалку 68 загинати, вклучувајќи и две жени кои во тој момент биле во посета во затворот.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера семејствата на затворениците, кои се собраа пред затворот по веста за трагедијата, при што бил застрелан еден полицаец.