Над 400 нови работни позиции во РЕК Битола ќе добијат бенефициран страж. На иницијатива на Синдикатот на АД ЕСМ, Министерството за труд и социјална политика ги утврди измените и дополнувањата на Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот им се смета со зголемено траење.
Со измените, покрај досегaшните работни позиции, бенефициран страж добиваат и ракувачи, инженери, бравари, механичари, вулканизери и други работни места во РЕК Битола.
Најголемиот број од работните места добија 12/14 бенефициран стаж, односно 14 месеци стаж за 12 месеци работа.
Измените и дополнувањата на Правилникот се резултат на повеќегодишните преговори помеѓу Министерството и Синдикатот на АД ЕСМ и со нив се исправа една голема неправда кон вработените во РЕК Битола и во Државните електрани, која датира уште од 2011 година, кога беа укинати дел од работните места кои до тогаш добиваа бенефициран стаж.
Како што веќе информираа од комбинатот, на крајот на јануари оваа година првите луѓе на АД ЕСМ заедно со генералниот директор Васко Стефанов и претседателот на Синдикатот на АД ЕСМ, Јове Смилевски, потпишаа Спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор што беше потпишан во Август 2023 година.
Од септември ланската година вработените во АД ЕСМ добијат за 15% повисоки плати.