РК Пелистер го претстави Александар Станојевиќ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Александар Станојевиќ е српски интернационалец кој во 2005 година беше вицешампион на светот со тогашната младинска репрезентација на Србија и Црна Гора предводена од Веселин Вујовиќ. Кариерата ја започна во белградски Партизан, а продолжи во Балинген, Гумерсбах, Вецлар, Горење, ПСЖ и Раднички Крагујевац. Настапувал и за екипи од Катар, Саудиска Арабија и Турција.

Станојевиќ ќе дебитира за Пелистер на утрешниот пријателски натпревар против Струга во салата “Боро Чурлевски“.

Share.