РК Пелистер: Парите на гледачите кои останаа надвор ќе им бидат вратени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Почитувани Искрени и чесни љубители на ракометот ,во Битола беше празник на ракометот по 13 години Македонска репрезентација во храмот на ракометот во Македонија ! И покрај многубројните известувања и соопштенија веројатно постојат и многу луѓе кои не научиле што е спотска култура и Меѓународен спортски натпревар , не научиле дека на спортски натпревар се влегува со карта, картата важи за едно лице , истата треба да е оргинална , а не фалсификат ! Уште еднаш јавно се извинуваме до сите искрени и чесни љубители на ракометот кои купија карта , а не беа во можност да влезат и присуствуваат на натпреварот Македонија : Турција , затоа што некои други несовесни гледачи го зедоа нивното место , за сите нив кои имаат уредно купена карта ги покануваме од утре 27.10.2018 од 09ч на истото место каде ги купиле картите да ги вратат и парите бидат рефондирани …. Ве известуваме дека како организатори дел од средствата ќе ги донираме за Сара Настевска се вели во соопштението од РК Пелистер.

Share.