РК Пелистер со коктел ги отвори своите нови простории

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

РК Пелистер синоќа и официјално ги отвори вратите на клупските канцеларии.

Заедно со новите амбиции за следната сезона, новото раководство на РК Пелистер одлучи да ги обнови канцелариите на клубот, кои долги години беа во лоша состојба. Буквално се сè менува од корен, а посебен шмек ќе дадат фотографиите од сите ракометари и тренери кои биле дел од битолската приказна, од неговото постоење, па се до денеска.

Челниците на клубот дефинитивно сакаат да свртат ново поглавје, па вратите на канцелариите ќе бидат отворени за сите добронамерници, кои го сакаат ракометот, а најмногу за верните навивачи „Чкембари“ и сите љубители на ракометот во градот под Пелистер.

Share.