Роберт Билбилов со премиера на новиот видео спот за „Кој отров“

После одличното видео за темата „Нигде не те наоѓам“ познатиот пејач и композитор со ново музичко парче. Овојпат станува збор за синглот кој го носи името „Кој отров“, а премиерата на спотот за истиот беше вчера. На официјалниот канал на Јутјуб веќе можете да го најдете и погледнете, а тимот кој се погрижи за ова ново хитовско остварување се самиот Роберт ( музика и аранжман) и Робин Зимбаков кој го потпишува текстот.
„Кој отров“, како и „Нигде не те наоѓам“ се само најава за она што допрва следува, а тоа е албум, мислам дека и должам на публиката нов носач на звук, откри Билбилов.
“Кадрите за видеото за снимени во Охрид, а за нив задолжен беше Даниел Јовевски кој приказната од песната ја долови визуелно на совршен начин, со помош на убавата Елена Гугоска, додека, пак, за целокупниот изглед на Елена и Роберт се погрижија Даниел Николовски, Цеце Николовска и Викторија Бурсаќ Петров.

Во продолжение погледнете го спотот за „Кој отров“

Сподели