Родителите бараат од Заев транскрипти за „Монструм“

0
525

Горан Наќевски таткото на убиениот Александар Наќевски, обраќајки се до судијата на повтореноето судење за случајот „Монструм“ побара од судот претерес во седиштето на СДСМ и стражарско обезбдување на премиерот Зоран Заев. Како тогашана опозиција на сегашниот коалиционен партнер ДУИ, Заев на родителите на убиените кај Смилковското езеро им покажал испечатени разговори, а се сомневаат дека оргиналните снимки се сеуште кај него, тврди Наќевски кој го обвини Заев дека манипулира и уценува во случајот „Монструм“.

Високиот функционер на ДУИ и ексградоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, за „Макфакс“ одби да ја коментира неговата поврзаност со случајот „Монструм“, како и деталите од разговорот со обвинетиот Фејзи Азири за кој еден од родителите на убиените момчиња тврди дека го слушнал.