Родителите ги видоа момчињата за првпат по спасувањето

0
651

Родителите на момчињата спасени од тајландската пештера пуштија солзи радосници откако за првпат по спасувањето им беше дозволено да ги видат децата.

Момчињата кои минаа две недели заробени во пештерата во Тајланд од болничките кревети им мафтаа на своите семејства, на кои им беше дозволено да ги видат децата низ заштитно стакло.

Момчињата на возраст од 11 до 16 години минаа речиси две недели одвоени од своите сакани во пештерата на северот на Тајланд. Им беше дозволено за првпат од спасувањето да ги видат роднините во строго контролирани услови, бидејќи лекарите се сѐ уште загрижени за нивното здравје.