Романија е противникот на Македонија во баражот за Мундијалот

0
687

Македонската репрезентација денес го дозна својот противник за јунскиот бараж за Светското првенство во Германија и Данска во јануари 2019 година. Избраниците на Раул Гонзалез ја добија селекцијата на Романија како ривал. Првиот натпревар го играме на домашен терен од 8 до 10 јуни, а возвратниот натпревар е во Романија од 12 до 14 јуни. Македонија учествуваше на последните три Светски првенства и редовно ја минуваше групната фаза. 11. место од Мундијалот во Хрватска во 2009 година останува наш најдобар резултат на Мундијалите.

 

Бараж за Светското првенство во Данска во 2019 година:

Србија – Португалија
Хрватска – Црна Гора
Литванија – Исланд
Чешка – Русија
Словенија – Унгарија
Белорусија – Австрија
МАКЕДОНИЈА – Романија
Холандија – поразениот во финалето
Норвешка – БиХ или Швајцарија

gol.mk