Романскиот претседател со критика за преместување на амбасадата во Израел

0
146

Романскиот претседател Клаус Јоханис упати остри критики за плановите на владејачката партија за преместување на амбасадата на земјата во Израел од Тел Авив во Ерусалим. Неговиот кабинет соопшти дека Јоханис не бил консултиран ниту информиран во процесот.

Шефот на Социјалдемократската партија Ливиу Драгнеа изјави дека одлуката за преместување на амбасадата била донесена и оти процедурите се во тек. Според Јоханис, одлуката не била заснована врз цврста и широка анализа.

Според „Ерусалим пост“, одлуката била донесена во средата кога бил усвоен документ за почеток на постапката за преместување на амбасадата во Ерусалим иако официјално одлуката не е соопштена.

Портпаролот на романската влада не сакал да го коментира документот што бил усвоен во отсуство на министерот за надворешни работи, кој е во посета на Тунис.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во декември лани најави дека американската амбасада ќе биде пренесена од Тел Авив во Ерусалим. Примерот на САД го следеше и Гватемала.