„Ромска поетска вечер“ за Денот на Ромите

0
243

Здружението за ромско-турско пријателство од Битола „Ромско јато“ организираше „Ромска поетска вечер“ во малата сала на Ценатрот за култура.

На манифестацијата со пригоден говор се обрати градоначалничката на Битола Наташа Петровска, а од здружението велат дека исто така посебна чест им направиле и гостите од Турција и Украина кои пред присустните се претставија со свои рецитали на мајчин јазик.

Хорот од средното музичко училиште во Битола ја интонираше македонската и ромската химна.

Осми април е денот посветен на историјата и културата на ромите, кој се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми.

Република Македонија го прославува 8 април, потенцирајќи го значењето на културните вредности и специфики на ромската заедница.