Рохани: не може да се преговара за нуклеарниот договор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„За нуклеарниот договор меѓу Иран и шестте големи сили кој беше постигнат во 2015 година не може да се преговара на никаков начин“, изјави претседателот на Иран Хасан Рохани во телефонски разговор со претседателот на Франција Емануел Макрон. Рохани додаде дека Иран нема да прифати ниедно друго ограничување што е надвор од обврските во спогодбата. Американскиот претседател Доналд Трамп кој е жесток противник на овој договор рече дека на 12 мај ќе донесе одлука за останување или заминување на САД од договорот.

slobodnaevropa.mk

Share.