Рочиштето за Грујевски и Бошковски зад затворени врати

0
219

Зад затворени врати се одржува рочиштето во Врховниот суд во Атина за жалбата по одлуката на солунскиот суд за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Нивната одбрана побарала судењето да не биде отворено за јавноста, поради безбедноста на Грујевски и Бошковски и поради тоа што во нивниот исказ ќе има прашања кои се доверливи.

За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, а третиот случај е по македонското барање за екстрадиција.

slobodnaevropa.mk