Рулетот е како влезот во круговите на пеколот на Данте- Дејан Пројковски за Коцкар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Коцкар по делото на Достоевски е првата премиера за 2018 година во Битолскиот театар. Претставата ја режира Дејан Пројковски, еден од најзначајните режисери на Балканот чии театарски почетоци се на штиците во битолскиот театар.

– Достоевски е секогаш голем предизвик кога се работи бидејќи мислам дека целокупниот човечки универзум е сместен во делата на Достоевски. „Коцкар“ е едно од делата кое доста често се поставува во театарите, едно од делата кое е провокативно за театарските автори. Нашата претстава зборуа за коцкањето, за страста која што всушност е само едно вртење на рулетот и може човек да го направи некој друг. Секое вртење на рулетот има повторен и повторен обид, да се избега од сопствената кожа, да бидат некој друг. Во еден момент тој рулет почнува да наликува на едно вртење со кое што ликовите почнуваат да паѓаат надолу во пеколот, рулетот е како влезот во круговите на пеколот на Данте – изјави режисерот Дејан Пројковски.

Неодамна претставата Ромео и Јулија во режија на Пројковски беше прогласена за најдобра во Турција.

 

Share.