Русите го тестирале својот нов ракетен систем, погодиле мета на 480 километри

0
412

Русија во тајност го тестирала својот нов систем за противвоздушна одбрана С-500 и го соборила светскиот рекорд во дострел, јавува Си-ен-би-си.

Москва тајно го извршила тестирањето на својот најнов противвоздушен систем, кој ја погодил метата на одалеченост од 480 километри, односно 80 километри подалеку од претходниот светски рекорд, пишува Си-ен-би-си повикувајќи се на американски разузнавачки извори.

Русија тврди дека новиот систем може да пресретнува хиперсонични проектили, дронови, авиони, дури и оние „невидливите“ како Ф-22 и Ф-35. Русите тврдат и дека новиот систем има дострел кој му овозможува соборување цели на висина од 100 километри над површината на Земјата.

Си-ен-би-си јавува и дека минатата недела дознале дека Русија подготвува хиперсонично оружје наречено „Авангард“, а станува збор за оружје од кое ниедна земја не може да се одбрани. Способно е да уништи нуклеарна боева глава и дизајнирано е за соборување интерконтинентални балистички ракети, а би требало да е готово до 2020 година.

Според изворите, Русија двапати успешно го тестирала „Авангард“ во 2016 година, а третиот тест во октомври 2017 бил неуспешен. Се очекува повторно да го тестира летово.

мкд.мк