Русија нема намера да се врати во Г-7

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Русија нема намера да се враќа во Г-7, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од Франс прес.

Тој истакна дека земјата „никогаш не сакала да се враќа“ во елитниот клуб, од кој беше исклучена во 2014 година по анексијата на Крим и избувнувањето на конфликтот со проруски сепаратисти во источна Украина.

„Русија е задоволна од работата во формат Г20“, рече Лавров.

Тој објасни дека во оваа поголема група „ултиматумот не се доволни и имате потреба да постигнувате договори“.

Share.