Русија предупредува за опасна ескалација во Сирија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Русија ги предупредува Соединетите Американски Држави дека доколку почнат воздушни напади поради наводниот хемиски напад во Сирија може да предизвикаат војна помеѓу двете земји, пренесува Би-Би-Си.

„Итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“, рече во четвртокот московскиот амбасадор во ОН, Василиј Небензиа.

Тој го обвини Вашингтон дека го нарушува интернационалниот мир и рече дека ситуацијата е многу опасна.

Западните сили се подготвуваат за напади, но Русија како сириски сојузник, се спротивставува на таквата акција.

„Не смееме да исклучиме какви било можности, за жал“, изјави Небензиа за новинарите по приватен состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Share.