Русија распоредува сили во сирискиот град Дума

0
213

Руските воени сили се распоредијаво сирискиот град Дума, соопшти руското Министерство за одбрана.

Новинската агенција „ТАСС“ пренесе дека сириската војска сега презеде целосна контрола во Дума, последното упориште на бунтовниците. Околу 4.000 бунтовници и членови на нивните семејства ја напуштија Дума и предадоа повеќе од 4.000 парчиња оружје, вклучувајќи митролези, снајпери, полуавтоматски пушки и гранати.